Оваа девојка сама го чува своите помлади браќа и сестри од својата 17 -та година откако ги загуби двата родители од агресивен тип на рак. Денес, 21-годишната Саманта Родригез веќе четири години е родител на нејзините помали браќа и сестри израснати во Орландо, Флорида.

Саманта сама се грижи за 16-годишниот Милагрос, 15-годишната Бренда, 12-годишниот Мајкл, деветгодишната Бела и седумгодишната Дестини. Кога починаа моите родители, јас имав 17 години. Уште беа деца и некој мораше да се грижи за нив.

Нивната мајка, Лиза Смит, се разболе од агресивен рак на грлото на матката во 2013 година, а само три години подоцна, нивниот татко, Александар, се разболе од лимфом и почина набргу потоа.

Потоа, Саманта сериозно ја сфати својата улога на старател, па редовно ги носи на училиште, на лекар и на спортски активности. Таа, исто така, им помага со домашните задачи, и некако наоѓа време да учи додека работи и како келнерка за да го издржува своето семејство.

Наследив многу сила од мајка ми. Поминав многу време со неа и затоа кога ја загубивме знаев дека во секоја смисла на зборот сакам да бидам како неа. – таа рече.

Во времето кога нејзината мајка се разболела, Саманта го напуштила училиштето за да се грижи за неа, но таа сепак не заборавила на образованието, па добила диплома пред неколку години.

Кога сфатив дека сакам моите браќа и сестри да станат успешни луѓе кога ќе пораснат, сфатив дека треба да се вратам на училиште и да им бидам пример. Многу сум среќна, тие всушност ме прават среќна бидејќи тие се моето семејство и ништо не ми е тешко. – заклучи оваа храбра девојка во интервју за ABC News.