На секој од учениците му беше даден балон. Им беше кажано да го надуваат, да го запишат своето име на него, а потоа да го фрлат во ходникот.

Откако сите ученици го направија тоа, директорот им даде пет минути да го пронајде секој својот балон. Настана хаос. Поминаа пет минути, но никој не успеа да го најде балонот со своето име.
Тогаш директорот им рече сега секој да го земе првиот балон на кој ќе наиде и да му го даде на ученикот на кого му припаѓа. За пет минути, сите ученици го имаа во рака својот балон.
Тогаш директорот им кажа:

– Деца, овие балони ја претставуваат среќата. Ако секој од вас ја бара само својата среќа, светот ќе стане хаотично место преполно со несреќни луѓе. Но ако секој од вас помогне некому да си ја најде среќата, сите ќе бидат среќни.