Според огласот на онлајн компанијата за недвижности „Зилу“, во таа куќа во подрумот живее едно лице до кое потенцијалните купувачи немаат пристап. Куќа во Ферфакс, Вирџинија со пет спални соби и четири бањи е објавена за продажба на 10 април по цена од 800.000 долари. Иако изгледа како типична колонијална куќа, продажбата има неколку „трикови“.

Имено, како што се наведува во огласот на онлајн компанијата за недвижности „Зилу“, во подрумот на таа куќа живее едно лице до кое немаат пристап потенцијалните купувачи. Без разлика, куќата е „симната“ од пазарот за една недела – агентот за недвижности во четвртокот изјави дека пристигнале пет понуди за купување и дека е под договор за сума „малку повисока“ од понудената цена.

Само готовински понуди, без пристап до гледање на пониското ниво – се наведува во огласот што го пренесе „Инсајдер“. -Куќата е продадена како што е само со потврда дека ќе се реализира со лице (лица) кои живеат во пониско ниво без кирија. Според „Фокс 5“, соседот рекол дека во подрумот од куќата живеат мајка и ќерка, но дека е нејасен односот меѓу продавачот на куќата и станарите.

Во огласот се истакнува дека имотот е „погоден за живот“, но има потреба од некои поправки, како што се замена на лизгачки врати, стари прозорци и теписи, скршени мијалници и тоалети што протекуваат, што би го чинело купувачот околу 25.000 долари.

На фотографиите се гледаат празни шишиња и лименки во кујната, скршена саксија, на некои места мувла и облека и валкана крпа во бањата. Огласот привлече внимание откако тој во четвртокот сподели профил на социјалните мрежи „Zillow Gone Wild“, што укажува на необична сопственост за продажба.

На „Инстаграм“ објавата поврзана со продажбата на куќата во Ферфакс добила 35.000 лајкови, а на „Фејсбук“ над 9.300. Секако, се беше пропратено со бројни коментари.

– Леле. Каков договор! Каде да потпишам? – изјави еден корисник на „Фејсбук“.
<class=”single-news-recommendation” data-wtg-lazy=”8″>
<class=”news-wrapper”>

<class=”news-item-data”>

<class=”embed-responsive” data-socialembed=”instagram”>