Мислела дека поради тешката чанта има силни болки во рамото, но на крајот се испоставило дека е нешто друго. Благодарение на чантата Џејд Лагден (29) од Англија открила дека има рак на дојката Џејд од сопругот добила скапа кожна чанта „Мајкл Корс“, која ја посакувала со месеци.

Воодушевена од подарокот, таа одлучи да не се одлепува од дизајнерската чанта и секојдневно ја носеше насекаде. Меѓутоа, по неколку дена почувствувала неподнослива болка во рамото и вратот. Сепак, подарокот на нејзиниот сопруг бил толку убав што таа не сакала да ја остави чантата, па ја носела секој ден додека болката не станала неподнослива.

„Болката стануваше се поинтензивна и тогаш решив да одам на лекар“, вели таа. Нејзиниот лекар првично мислел дека болката е предизвикана од премногу тешка торба, но Џејд изјавила дека не ја чувствувала болката кога ја носела на другото рамо. Набрзо направиле бројни анализи, а кога стигнале резултатите, цел свет се срушил врз несреќната жена.

Прво открија дека имам рак на дојка, а потоа дека метастазирал во црниот дроб. „Имам голема борба за мојот живот пред мене, но се надевам дека ќе ја надминам оваа злобна болест“, вели Џејд. Таа истакнува дека нејзината омилена чанта и помогнала да ја открие дијагнозата, бидејќи доколку не и била толку драга, можеби ќе носела многу полесна чанта, а потоа многу доцна би ја дознала вистината.