Паметно куче заѕвонило на врата откако ноќе побегнало од дома

Златен ретривер Маршал е навистина паметно куче. Тој точно знаеше што да прави откако не можеше да се врати во заклучената куќа… Во Вашингтон, 3-месечниот Маршал се нашол во мала невојља. Некако во својата љубопитност успеал да побегне од куќата доцна во ноќта без неговите сопственици да го забележат.

Но, вратата сега беше заклучена. Беше лесно да се избега, но проблемот беше влегувањето во заклучената куќа. Маршал можеше да ја помине ноќта на тремот, но тоа не беше опција. Тој одлучи да го направи истото како што прават неговите сопственици.

Иако никогаш не бил обучен да го прави тоа, тој застанал на задните нозе и заѕвонил. За среќа, камерата го фати и сега секој може да ужива во неговите авантури.

Сопственикот го приклучил ѕвончето со мобилниот така што од мобилниот се слуша звук на тропање секогаш кога некој ќе заѕвони на вратата.

Комбинацијата на тој звук и преслаткото лице на Маршал стана светски позната снимка. Се разбира, Маршал бил пуштен во куќата каде што ноќта спиел во својот кревет.