Многу луѓе се наоѓаат во ситуации кога треба да работат две или повеќе работи за да можат да ги платат сите сметки и да им дозволат на своите деца се што им треба. Во овој случај, двајцата родители работеле по две работи за да имаат доволно пари за се што им треба.

Затоа нивниот син кога пораснал решил пријатно да ги изненади. ЛеХуан Џејмс е Јутјубер кој решил да ги изненади своите родители на многу пријатен начин.

Смета дека тоа е најдоброто нешто што може да го направи за нив, со оглед на тоа колку се жртвувале за своето семејство. Им ги врзал очите и ги донел пред куќата што им ја купил на подарок, за да им се заблагодари за се што направиле за него тие до сега

Нивната реакција погледнете ја во приложеното видео: