Ако некогаш сте се запрашале како изгледа внатрешноста на машината за миење садови кога ќе ја вклучите и што се случува внатре – јутјуберите ќе ви откријат.

Веќе неколку години, видеата кои ја прикажуваат внатрешноста на машината за миење садови додека работи се вистински хит, а некои од најгледаните видеа имаат милиони прегледи.

Еден од најпознатите сниматели на YouTube е Bito, а неговите две видеа од внатрешноста на машината за миење садови собраа скоро 15 милиони прегледи.

Бито вели дека отсекогаш го интересирало што се случува во внатрешноста на машината за перење додека работи, а најголемиот проблем за снимање на неговото прво видео биле температурата и батеријата во фотоапаратот.