Дали сте водени од чувството или разумот? Илузијата на Погендорф е една од оние загатки кои ќе ве натераат добро да погледнете и да проверите сè неколку пати. Во оваа илустрација, треба да дознаете која е мајката на детето што си игра, од две жени кои седат една спроти друга.

Трикот е во деталите, затоа посветете им големо внимание. Покрај тоа, вашиот избор, дури и погрешен, открива многу за вашиот карактер.

Ако одбравте жена од левата страна
Ако одговоривте дека тоа е жената од левата страна, одговорот не е точен. Сепак, одлуката открива дека сте креативна личност, дека размислувате надвор од рамката и дека сакате да го изразите тој став во сите сегменти од животот. Сликарство, музика, креација, сето тоа се полиња каде се чувствувате како да сте сами.

Исто така, вие сте авантуристички тип, а сето тоа ве прави многу интересна и посакувана личност во општеството. Вие сте добар пријател, па кога некому му треба совет, прво ќе се обрати кај вас. Емотивни сте и парите не ви се приоритет број еден.

Ако ја избравте жената од десната страна
Ако, пак, сте ја избрале жената од десната страна, одговорот е точен, таа е мајка на детето, што се гледа по тоа што детето е свртено на нејзина страна. Децата обично бараат одобрение од родителите за сè што прават, па често се свртени кон нив во текот на играта.

Покрај тоа, мајката го гледа своето дете, за разлика од жената од левата страна која гледа надесно.Вашиот одговор открива дека сте добри во обрнувањето внимание на деталите и дека знаете како да се справите со важните работи во животот. Левата страна на вашиот мозок е активна и влијае на логичното размислување. Секогаш имате контрола над вашите емоции, дури и кога станува збор за носење тешки одлуки.

Не сте многу отворени кон другите луѓе, но омилен сте меѓу блиските луѓе, најмногу поради смислата за хумор.