Се што сакаше 7-годишниот Доминик за неговиот роденден е голема роденденска забава на која ќе бидат сите негови пријатели. Тој покани дури 20 од нив и едвај го чекаше тој ден бидејќи неговите родители резервираа игротека во американскиот град Плејнфилд неколку часа. Тоа беше во 2019 година но сеуште кружи по социјалните мрежи.

Норин Метсон беше жената зададена на влезот да провери кој влегува и дали има покана за роденденската забава на Доминик. Нејзиното срце се скрши кога виде дека само еден пријател дојде за роденденот на момчето. Знаеше дека мора нешто да направи.

Таа виде дека се уште има родители во ходникот од последната забава што беше резервирана во истата сала. Таа знаеше една од жените чиј сопруг беше пожарникар, па на ум и дојде интересна идеја: Сакаше да покани пожарникари на роденденската забава на момчето. Така се случи. Кога слушнале што се случило, пожарникарите знаеле дека мора да дојдат.

Доминик беше воодушевен. Кога пристигнале, момчето скокнало од возбуда и ги поминало следните неколку часа играјќи со противпожарната служба, а го поканиле и кај противпожарното возило за да прегледа се што го интересира.

Роденденската забава на момчето беше зачувана.