“Брат брата не храни, но тешко на оној кој го нема.” Секој кој има брат или сестра, и знае колку вистина и мудрост има во овие зборови. Еве една убава приказна за моќта на братската љубов и сететe се дека ако имате брат или сестра, вие сте неверојатни среќници.

Чувајте ја оваа љубов и не дозволувајте таа да се сруши поради имот, семејни спорови и ситни сметки. Двајца браќа работеле заедно во семејната фарма. Едниот бил женет и имал многу деца. Другиот бил сам. На крајот на денот двајцата браќа го делеле сето подеднакво – профитот и плодовите на заедничкиот труд. Еден ден осамениот брат рекол:

– Не е фер да делиме се подеднакво. Јас сум сам и немам потреба од којзнае што. Затоа почнал секоја вечер да зема по една вреќа брашно од својот куп, и се протнал тајно во нивaта меѓу нивните домови, го фрлал на братот својот куп.

Во исто време семејниот брат си мислел: “Не е фер да делиме се подеднакво. На крајот на краиштата јас имам семејство, имам жена и деца, кои ќе ме гледаат на старост.” Затоа секоја ноќ земал по една вреќа жито и го фрлал на братот својот куп.

Секоја година двајцата браќа многу се зачудиле зошто резервите од жито не им се намалуваат. И тогаш, една темна ноќ, двајцата браќа се соочиле еден во друг. И така разбрале што сиправеле толку време. Ги пуштиле вреќите и се прегрнале.