Џералд Роџерс, психолог кој поминал низ тежок развод решил да си ја олесни својата душа и напишал прекрасен пост на Фејсбук во кој зборува за животот, љубовта, врските и разводот. Тој започнал со тоа што напишал:

„Откако ја изгубив жената којашто ја сакав и бракот од речиси 16 години, еве го советот кој посакувам некој мене да ми го дадеше…“

Во продолжение прочитајте ги неговите совети:

Изберете љубов: На крајот, ова е и единствениот совет кој ви е потребен. Ако ова е водечкиот принцип преку кој ги носите сите одлуки, не постои нешто што ќе и се закани на вашата среќа. Љубовта секогаш ќе издржи.

Не се оптоварувајте со пари: Парите се игра, најдете начин како да работите како тим за да победите во таа игра. Никогаш не е корисно соиграчите во тимот да се расправаат. Најдете начини како да ги искористите доблестите и предностите на двајцата за да победите.

Секогаш растете заедно: Сосема е логично дека ако лежите цело време, мускулите ќе ви атрофираат. Истото се случува и со врските доколку престанете да работите на нивно развивање. Најдете заеднички цели, соништа и визии и работете на тоа да ги остварите.

Дозволете си себеси да бидете ранливи: Не мора секогаш да имате совршен жиот и да бидете совршени. Бидете подготвени да ги споделувате и вашите стравови и чувства и признавајте ги вашите грешки.

Бидете отворени и транспарентни: Ако сакате да имате меѓусебна доверба, мора да научите да споделувате – особено работите кои не сакате да ги споделите. Потребна е храброст искрено да се љуби, целосно да се отвори срцето и да дозволите таа да влезе во него и да се соочите со стравот дека можеби нема да и се допадне тоа што ќе го најде таму. Дел од таа храброст е да и дозволите целосно да ве љуби. И вашите темни, но и вашите светли страни.

Отфрлете ја маската: Ако чувствувате дека постојано треба да носите маска околу неа и да бидете совршени цело време, никогаш нема да можете да ја искусите целосната димензија на љубовта.

Не бидете глупави: Не бидете идиот, но истовремено не се плашите понекогаш да бидете идиот. Вие ќе правите грешки. И таа ќе прави грешки. Потрудете се да не правите преголеми грешки и учете од оние кои ќе ги правите. Не е поентата да бидете совршена, само трудете се да не бидете премногу глупави.

Состанувањето никогаш не престанува: Никогаш не ја земајте вашата жена здраво за готово. Кога ја побаравте за жена и ветивте дека ќе бидете мажот кој ќе го чува нејзиното срце. Ова е најважното и најсветото богатство кое некогаш ќе го имате. Таа ве избрала вас. Не го заборавајте тоа и никогаш не бидете мрзеливи во љубовта.

Заштитете го вашето срце: Исто како што сте ветиле да го чувате нејзиното срце, подеднакво морате да го чувате и своето. Сакајте се себеси, сакајте го светот, но мора да постои едно посебно место во вашето срце во кое никој не смее да влезе освен вашата жена.

Заљубувајте се секој ден: Постојано ќе се менувате. Вие не сте истите луѓе кои сте биле кога сте стапиле во брак и за 5 години нема да бидете истата личност којашто сте денес. Промените ќе дојдат и затоа ќе мора постојано да се избирате еден со друг. Таа не мора да остане со вас и ако не се грижите за нејзиното срце, таа може да го подари на друг и никогаш да не можете да го вратите назад тоа срце. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов исто како што сте се бореле на почетокот од вашата врска.