Зоолошката градина во Денвер сподели видео кое разнежни милиони срца ширум светот.

На него можете да видите мало лавче како си игра во својата просторија, а иако младенчето е главна ѕвезда на видеото, постои уште нешто кое ги воодушеви луѓето кои ја погледнаа оваа прекрасна снимка.

Имено, најинтересниот момент беше кога пристигна таткото лав и се спушти за да може детално да се запознае со своето малечко. Тогаш двегодишниот лав Тобајас всушност го запозна својот мал наследник, синот со кој одиграа слатка улога во ова видео.

Погледнете го видеото во продолжение: