Откако работел десет часа ноќна смена, Мајкл од Флорида решил да се врати дома и да отспие. Меѓутоа, пред прагот го дочекал алигатор, кој бил долг два метри.

„Тоа кога ќе се вратиш од десетчасовна смена во шест наутро и ќе пронајдеш алигатор пред врата. Побегнав! А потоа, откако кратко пцуев, ја повикав полицијата да го фати и да го тргне“, вели Мајкл.

Тој напиша и дека алигаторот го забележал и изгледал навистина нервозно, па поради тоа не сакал да се задржува пред неговиот дом.

За алигаторите во моментов е сезона на размножување и тие бараат потенцијални партнери.

Во секој случај, навистина непријатно изненадување…