Неверојатна снимка во боја од борба со снег во 1896 година во Франција, многумина ги остави без зборови.

Клипот од 52 секунди е еден од првите филмови што некогаш ги снимил Луис Лумиер, брат на Огист Лумиер. Тоа се браќата кои се сметаат за најважните пионери на филмската индустрија.


Сцената покажува како група луѓе од различни возрасти во Лион се тепаат со снег, а еден велосипедист се обидува да помине низ „бојното поле“. Видеото сега е обоено со помош на АИ технологија, но и забрзано, поради што стана хит на социјалните мрежи последниве денови.
Видеото, само едно од проектот Deoldify на Џејсон Антик, кој ретушира ​​стари снимки и фотографии, го погледале повеќе од 8,3 милиони луѓе само на Твитер во последните неколку недели, а многумина се воодушевиле.
За споредба, еве го оригиналниот филм, што е снимен во 1897 година.