Иако возраста не одредува кој ќе биде родител, луѓето имаат тенденција да ги потценуваат, па дури и да ги осудуваат младите жени ако одлучат да станат мајки на рана возраст. Една корисничка на Тик Ток по име Кајл вели дека често имала можност да слушне многу лоши коментари откако решила да го роди првото, а наскоро и второто дете на 19 години.

„Луѓето постојано ми велеа дека со раѓањето на две деца на 19-годишна возраст, си го уништив животот за само 11 месеци“, вели 32-годишната девојка во видеото што го објави на својот профил на „Тик Ток“.

Оваа фина жена не мисли дека си го уништила животот, напротив. Откако нејзините деца веќе биле тинејџери, таа решила да им се обрати на сите кои низ годините и велеле дека тоа не е добро за неа.

„Грешивте, сега на 32 години живеам со двајца тинејџери онака како што отсекогаш сакав. Веќе подолго време нема веќе нервоза за одење, лазење, пелени и каша“, напиша таа во коментарите.

Нејзината објава ја следеа и други луѓе кои коментираа дека изгледа совршено со оглед на тоа дека е мајка на двајца тинејџери. Сега, вели таа, може целосно да се посвети на себе бидејќи нејзините деца се независни и имаат свои животи и интереси, а таа ужива во работите што ги сака, пренесува The Sun.

„Веќе нема потреба од дадилки… А јас имам само 32 години!“, задоволно рече таа, додавајќи дека и раното мајчинство има свои предности.

@kayllamariie_x What did you say?? #mumsoftiktok #momsoftiktok #fyp #follow ♬ original sound – Matt Randone