Една жена раскажала како се однесувал свекорот со неа бидејќи се породила со царски рез, но и како генерално се однесува кога станува збор за одгледување деца. Мојот свекор Френк ја запозна нашата ќерка Абигејл еден ден откако се роди. Бев целосно исцрпена по долго породување со итен царски рез, лежев на креветот и го гледав мојот сопруг како го ниша нашето дете во раце. Овој прекрасен момент го прекина свекор ми кога ми рече: „Ти беше премногу мрзелива да туркаш, а?“

На прв поглед се обидов да го сфатам како некаква шега, но не можев. Знаев дека зад таа смеа всушност се крие целосна искреност. Тој е секогаш таков. Бев премногу исцрпена да одговорам што било, особено кога станува збор за нешто што знам дека е сосема спротивно од вистината. За жал, ова не беше единствениот пат кога реши да доведе до тој древен принцип на воспитување дете.

Кога тој и неговата сопруга – свекрва ми дојдоа на гости неколку недели подоцна, сакаше да ни даде до знаење дека само ние жените треба да менуваме пелени, да храниме, да капеме дете. Неговиот син не треба да го прави тоа, а особено не треба да помага. Секогаш кога Стјуарт, мојот сопруг, сакаше да направи нешто за нашето дете, тој ќе нагласи дека јас или мојата свекрва треба да дојдеме и да го направиме тоа наместо него.

Ова однесување трае со години, дури и кога имаме повеќе деца. Традиционалните ставови на Френк за родителството често ги вознемируваат самите деца кога тој, на пример, им кажува дека момчињата дека не смеат да плачат. Како резултат на тоа, моите деца повеќе не сакаат да ја посетуваат нивната баба поради неговото присуство.

Дури се обидуваат да ги избегнат сите семејни собири бидејќи тој ќе биде таму. Искрено, ова многу ме шокираше мене и Стјуарт. Жал ми е што го избира овој начин и однос со внуците, наместо да се сврти кон љубовта и некоја пријатна семејна врска.

Дали сте имале слични непријатности од роднини? Споделете со нас во коментарите подолу.