Бред Соден преживеал многу во својот живот. Тој беше поранешен војник во првата војна во Ирак и спаси многу животи како пожарникар. Тој живее со своето семејство во Аризона. Долго го живееше својот сон, но се се смени на 15 август 1999 година. Тој бил во својот камион со сопругата Лиз и децата. Лиз возела кога им пукнала левата гума. Таа изгубила контрола и тие излетале од патот. Нивните три момчиња биле со полесни повреди. Повредите на Бред биле малку потешки, ја скршил ногата.

Лиз го поминала најлошото, ја скршила кичмата и останала парализирана од половината надолу. Ја однеле во болница на операција и кога се разбудила лекарите и дијагностицирале. Лиз мислеше дека нејзиниот живот е завршен. Мислела дека Бред, ќе ја остави поради друга, понормална жена. Нејзиниот пат до целосно закрепнување беше долг и целото семејство ја поддржуваше во тоа. Преминот во живот во инвалидска количка и бил многу тежок, особено поради тоа што нивното семејно хоби било планинарењето.

Во една прилика, кога нејзиното семејство тргнало на планинарење, била принудена да остане на прав пат. Со солзи во очите им рекла да продолжат понатаму, а Бред решил дека тоа нема да се повтори. Додека бил во војска, работел како техничар на одржување на тенкови и решил да и направи специјална количка со која ќе може да оди по слични патишта, заедно со семејството.

Тоа беше лесно да се каже, но не и да се направи. Деновите ги поминуваше во гаража и понекогаш воопшто не излегуваше, па понекогаш губеше нерви. Бучавата од гаражата е нешто на што сите се навикнати. После безброј вложени часови, конечно успеа. Ја повикал Лиз и ја изненадил со уникатна количка од гасеница Неговиот изум не останал незабележан. Количката привлече големо внимание, дури и од компанијата NPC Robotics. Тие го поддржаа Бред и направија прототип врз основа на неговиот модел. Нејзината количка сега е тивка, брза и направена за сите терени.

Сега нејзиното семејство има проблем да ја следи на планинарење. Бред покажа колку ја сака Лиз и покажа дека имагинацијата и волјата можат да надминат се. Прекрасен пример за тоа како да им помогнете на оние што ги сакате. Кога некој од вашето семејство ќе падне, помогнете му да застане на нозе.

Споделете ја оваа статија со пријателите и семејството