Анет Ларкинс има 79 години, а се чини дека штотуку влезе во четвртата деценија Таа никогаш не била подложена на пластична или каква било операција. Никогаш не земала лекови, од вегетаријанец преминала во веган. Сета храна што ја консумира, таа самата ја одгледува. Оваа исклучително витална дама порасна во семејство со историја на дијабетес. Покрај тоа, нејзината мајка и баба починале во 1940-тите од рак на дојка.

За разлика од другите членови на семејството, Анет е во совршено здрава! Покрај совршеното здравје, Анет има и одлична линија, и лице на кое многу средовечни жени можат да и позавидат. Никогаш не пиела аспирин или друг лек. Се третира со природни лекови од природата. Таа има голем избор на растенија, овошје и зеленчук кои сама ги одгледува.

Нејзините синови кои се во доцните четириесетти личат на нејзините постари пријатели. Причината е што никој освен неа во куќата не е доволно упорен да води таков здрав живот. Анет е вегетаријанец со години, а неодамна стана и веган.

Таа смета дека нејзиниот еликсир на младоста е веганска исхрана која вклучува многу свежо цедени сокови, кои секојдневно ги пие во големи количини.

Нејзината дневна рутина започнува во пет часот. Откако ќе се разбуди, ја средува градината, шие облека, подготвува оброци, а во слободното време пишува книги и им дава совети на обожавателите.