Маркел Амфукс целиот живот го ивеел едноставно , не трошел многу пари на храна, а во домот немал ни вода,па сето тоа му овозможилода заштеди голема сума на пари. Неговата куќа се наоѓала помеѓу два ски центри на Алпите во Швајцарија, па така нејзината вредност со текот на времето и се зголемила.

Иако не изгледал така, но навистина бил здрав човек. Во близина на својата куќа изградил многу куќички за своите роднини да живеат и не мораат да плаќаат кирија.

На 67 години не бил заинтересира за жени, но ја запознал Сандра, 25-годишна Французинка и се оженил со неа. Сите мислеле дека е тоа од интерес, бидејќи Сандра се занимавала со недвижнини и знаела колку вреди Маркел.

По една година брак, Маркел доживува сообраќајна несреќа заедно со двајца пријатели. Сандра по неовата смрт наредила на сите негови станари да се иселат, но се изненадила кога дознала дека Маркел целото свое богатство го препишал на неговите роднини и пријатели, а таа не добила ништо.