“Мои драги,
Сè помалку чистам и бришам прашина. Седам во дворот и уживам во глетката без да се грижам за плевелот во градината. Целото време го поминувам со семејството и пријателите, а помалку на бизнисот. Животот мора да се живее, а не да се трпи. Сега се обидувам да ги разберам овие точки и да ги ценам.

Веќе ништо не чувам: секој ден ги користам моите добри порцелански, кристални чаши. Го носам мојот „градски блејзер“ кога одам на пазар или во продавница. Се прскам со тие стари парфеми што ги чував цел живот. Веќе не ми е грижа дали се здебелив некој килограм и дали ми е чист мијалникот во куќата.

Зборовите „еден ден“ повеќе не постојат во мојот речник. Ако нешто вреди да се слушне или направи, се обидувам да го слушнам или да го направам сега! Не сум сигурна што би направиле другите ако знаеја дека нема да бидат тука утре, бидејќи сите го сфаќаме тоа лесно. Мислам дека тогаш би им се јавиле на членовите на семејството или блиските пријатели. Можеби би ги повикале тие поранешни пријатели да им се извинат, да ги обноват врските…

Сакам да мислам дека би отишле некаде по палачинки или некое друго омилено јадење и би уживале. Мислам дека никогаш нема да знам. Тоа не се мали работи и би се налутила ако ми истече времето, без да правам се што сакам или да си одречам нешто. Бев бесна што никогаш не им се јавив на некои луѓе, мислејќи дека има време.

Бев лута што почесто, не им кажував на родителите, децата и сопругот колку ги сакам. Драга моја, деновиве се трудам максимално да не одложувам ништо што може да предизвика насмевка на моето лице и да блесне во мојот живот. Секој ден е посебен. Секоја минута, секој здив е подарок.

Животот не може да биде постојано забавен, но додека сме тука, можеме да танцуваме!“