Симбол на едно време: Вака порано се санкаше по улиците

Снегот што падна особено ги воодушеви најмладите, а кај возрасните разбуди носталгија. Нешто постарите генерации се сеќаваат на санкањето по малата, која одамна е заменета со уживање во снежните игри во блиските планини.

Иако во некои населби сè уште може да се забележат групи момчиња и девојчиња кои се санкаат и играат на снегот, овие активности порано беа многу поизразени. Технологијата ги одвои денешните деца од играње надвор во домот, а игрите со снег или санкањето по блиските ридови во населбата, како и санкањето по улица во соседството станаа вистинска реткост.

Препознатливото санкање по улица ќе остане симбол на едно време. Многу луѓе носталгично ги прелистуваат своите стари албуми кои содржат неколку фотографии од санкање, како и други „махал игри“. На ваквите фотографии впечатлива е безгрижноста на најмалите и насмевката на нивните лица.

За жал, со текот на времето исчезнаа препознатливите дружења и игри на најмалите од маалата, но убавите спомени останаа за многу генерации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.