Една мајка го шокираше светот објавувајќи го маникирот на своето бебе на својот Фејсбук профил „Ова го направив за ќерка ми, а можам и за вашите бебиња. Пишете ми во инбокс“, напишала оваа мајка. На своето бебе му направила дури четири различни маникири, на ситни прсти и нокти и се пофалила дека е вистински уметник.

Очигледно не размислувала дали и колку ова може да биде опасно за нејзиното дете. Аман жено, па ќе си ги извади очите – бил еден од коментарите на нејзината објава, додека други шокирале – ова е страшно, па ноктите на бебето треба да бидат кратки, за да не се изгреби

Сепак, имаше и такви кои не и поверуваа и тврдеа дека се работи за фотошоп. Ајде, сето ова го фотошопираше, кој може да му го направи ова на мало бебе – беше еден од коментарите.

Ова, сепак, не е единствениот случај. Пред неколку месеци друга мајка објави фотографии од својата ќерка. Ноктите на девојка која сигурно нема ни две години се долги речиси колку нејзините прсти, а секој нокт е украсен со светки, циркони, па дури и со принт од Луј Витон.

И двете од овие фотографии се појавија во група која објавува видеа и фотографии од евтин и лажен гламур.