Слатката реакција на бебе на првиот снег ќе ве стопи

За многу луѓе снегот е вистинска агонија, но не и за ова 14-месечно бебе. Малото момче било неописливо среќно кога за прв пат во животот видело како паѓа снег од небото.

На видеото што го сподели неговиот татко, кој го држел синот Август, се гледа дека се наоѓаат во дворот од куќата. Очите и устата на Август се проширија од восхит кога виде како снегот паѓа околу нив. Тато е до него и со љубов го гледа и му се насмевнува цело време.

Џејмс го опиша август како „експресивен“ и „анимиран“ и знаеше дека реакцијата на неговиот син на првиот снег ќе биде навистина посебна.

„Секогаш се чувствувам благословен што имам можност да го гледам ова прекрасно, љубопитно човечко суштество како првпат доаѓа во контакт со нови работи во животот – пред мои очи“, рече Џејмс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.