Поради неговата црна долга косичка, ова момче на шега го именуваа неговите родители Могли (Книга за џунглата). Кога имал само 20 недели и бил во матката, лекарите ја забележале неговата долга коса, тогаш била долга околу 1 сантиметар. Но, родителите Сара Морис и Џошуа беа изненадени кога момчето се роди со прекрасна долга црна коса. Поради својата прекрасна коса ја доживеа својата прва фризура кога имаше само 8 недели.

Родителите на Оскар откриле дека луѓето често ги запираат на улица за да се восхитуваат на косата на нивниот син.

Навистина не можевме да поверуваме колку коса имаше кога се роди. Ова не е нешто што често се гледа. Косата му беше многу густа и црна. Џошуа и јас имаме кафеава коса, иако нашиот син повеќе личи на својот татко “, рекла Сара.

Оскар е свесен за неговата коса. Кога ќе го легнеме, ги става рацете над себе и си игра со косата. Но, тој ќе почне да плаче кога случајно рацете му се заплеткале. Додека бев бремена имав многу големи мачнини, затоа одев многу често на прегледи и многу рано дознавме колку му пораснала косата.

Знаевме дека ќе има коса кога ќе се роди, но не го очекувавме ова. На прв поглед, рековме дека личи на Могли “, вели возбудената мајка.

Оскар е роден на 10 јуни, а сега има 12 сантиметри коса. Тој е навистина прекрасно бебе со многу посебен прекар.