Несебичниот потег на бездомникот Роби од англискиот град Престон, кој на млада студентка и ги дал последните три фунти кои ги имал за да може да го плати таксито, го воодушевил целиот свет, а она што е уште поважно, неговата добрина ќе биде наградена.

Всушност, студентката Доминика Харисон Бентзен (22) одлучила да му се одолжи на бездомникот така што направила страна преку која собирала парични средства кои би му помогнале на Роби да го плати потребниот депозит за стан.

Доминика после вечерно излегување на сфатила дека ја изгубила банкарската картичка. Немала пари за да си го плати таксито, но во тој момент и пришол Роби кој инсистирал да го земе неговиот дневен “улов” од три фунти. Сакал да се увери дека таа сигурна ќе стигне дома.
Иако Доминика не ги прифатила парите, останала емоционално допрена од гестот на бездомникот, па се одлучила да му помогне.

Следниот ден објавив Фејсбук статус и дознав дека не сум единствена на која тој помогнал. Се дозна и дека вреќал загубени новчаници и телефони кои ги пронаоѓал лутајќи по улиците.

Тргнала во добротворна акција. Го пронашла 4 дена подоцна а после тоа започнала на интернет да собира пари. Се приклучиле голем број на луѓе и биле соберени над 10.000 фунти.

Напоменала дека нема идеално време за да размислиме за луѓето околу нас а не само на себе, тоа треба да го правиме секогаш.