Не дозволувајте чистењето да биде сè што мислите за време на викендите Кога се омажив, поминував најмалку 16 часа дневно, внимавајќи се да е чисто, во случај „некој да ми дојде“, но потоа забележав дека овие луѓе кои ги чекав да дојдат кај мене, не доаѓаат затоа што тие шетаат, се релаксираат, се забавуваат уживајќи во животот.

И јас цел живот го подредив на тоа: „што ако дојде некој?“ И токму во тоа време баба ми ми даде совет кој ќе го паметам засекогаш: Никогаш не дозволувај твоите тави да светат повеќе од тебе! И така, сама сфатив дека не сум должна никому да ја објаснувам мојата ситуација во куќата. На луѓето не им е грижа што правам цел ден во мојот дом. Луѓето си дозволуваат да се релаксираат за време на викендите, да се забавуваат, да уживаат во животот …

Животот е краток, уживајте! Избришете ја прашината само кога е потребно. Направете приоритет да нацртате нешто, да галите мачка, да си играте со куче, да шетате со пријателите и децата, да готвите нешто вкусно, да ги полевате омилените растенија …

Оставете си малку здив: сончајте се, искачувајте се на планини, играјте со деца, слушајте музика, читајте книги… Запомнете, избришете ја прашината само кога е потребно – никој нема да ви го врати денот.

Еден ден кога ќе заминеме, самите ќе станеме прашина! И никој нема да се сеќава колку садови сте измиле, колку прашина сте избришале, но сите ќе се сеќаваат на вашата насмевка, сјајот во очите, подарокот на пријателството, радоста што ја споделивте со децата.