Една жена не може повеќе да трпи тоа што нејзиниот сопруг не и посветува доволно внимание па одлучила да го остави и тоа преку писмо. Меѓутоа, кога таа добила писмо до него, сигурно се покаjала.

Драги мажу
Ти го пишувам ова писмо за да ти кажам дека те оставам. десет години ти бев добра жена, а што добив за возврат? Овие две недели беа вистински пекол. Твојот шеф ме телефонираше за да ми каже дека си дал отказ и тоа за мене беше последната капка која ја прели чашата. Минатата недела си дојде дома, не ни забележи дека бев на фризер и дека го зготвив твоето омилено јадење и дека го облеков новиот корсет. Дојде дома, ја заврши вечерата за пет минути и замина право во кревет по натпреварот. Не ми зборуваш повеќе дека ме сакаш, не ме пргрнуваш ниту било што друго. Или ме изневеруваш или повеќе не ме сакаш, но што и да е во прашање, јас заминувам. Со среќа, твојата поранешна сопруга.

П.С Немој да трудиш да ме бараш јас и твојот брат се селиме во Чачак заедно.

Драга жено

Ништо толку многу ме нема израдувано како твоето писмо. Вистина дека јас и ти бевме десет години во брак, но ти ни приближно не си била добра жена. Приметив дека минатат недела ја промени фризурата, но прво што ми падна на памет: „Изгледа како маж“. „Мојата мајка ме научила, доколку немам да кажам нешто убаво, да молчам“. Кога си го подготвила моето омилено јадење, мора да си ме измешала со мојот брат, бидејќи јас претстанав да јадам свинско уште пред осум години, кога го открив каменот во жолчката. Заминав да спијам иако си го имала на себе тој корсет, затоа што цената уште беше закачена на него.

Го молев Бога да биде само случајност бидејќи брат ми токму тоа утро позајми од мене 5.000 динари, а тој корсет чинеше толку. И покрај тоа јас сеуште те сакав и чуствувам дека и сега можеме да бидеме заедно. Затоа кога дознав дека сум добил 10 милиони евра на лото дадов отказ и купив две карти за Куба. Сепак јас кога дојдов дома ти не беше во куќата, ти веќе си заминала. Претпоставувам дека ова се случувало со причина.

Се надевам дека ќе имаш исполнет живот, каков што одсекогаш си сакала. Адвокатот ми рече дека поради писмото кое си ми го напишала нема да морам да ти давам пари. Води сметка за себе, твојот поранешен сопруг богат и слободен