Мажот на суд објаснил дека сака да се разведе од новата сопруга бидејќи не ја смета за привлечна без шминка, пишува The Sun. Бизарен инцидент се случи во Египет, каде што еден маж наводно поднел барање за развод од својата едномесечна сопруга, велејќи дека бил „измамен“ во врска со изгледот на жената.

Мажот пред семејниот суд во Хелиополис изјавил дека не може да се навикне на природниот изглед на неговата сопруга. Тој рече на суд: „Бев шокиран… затоа што таа воопшто не личи на личноста што ја запознав неколку пати пред бракот“. Потоа објасни дека парот се запознал на Фејсбук, каде жената постојано објавувала атрактивни фотографии.

Дури и откако ја запознал неколку пати, тој сепак мислел дека е привлечна и решил да се ожени со неа. Но, проблемите започнале утрото по брачната ноќ кога првпат ја видел сопругата без шминка.

Тој додаде: „Видов слики од неа на Фејсбук, таа изгледа сосема поинаку кога не носи шминка. Бев изневерен и сакам да се разведам од неа“. „Ме изневери затоа што се шминкаше многу пред брак. Изгледа грдо без шминка. Но, по венчавката, го видов нејзиното вистинско лице без шминка“.

Според египетските медиуми, мажот на суд изјавил дека се обидел да се навикне на изгледот на неговата сопруга, но по еден месец брак решил да поднесе барање за развод.

„Ја гледам кога ќе се разбуди, косата и е неуредна… И нејзиниот изглед е сосема поинаков од оној што го знаев кога се оженив со неа“, рече тој.