Фиксен телефон „Искра”, куцачка машина, кујнски сетови, лустери и вазни што сите ги имавме дома и уште многу други спомени од едно минато време – од времено на поранешна Југославија, се главната тема на Инстаграм профилот

Овде, сите „носталгичари” ќе се присетат на времето од своето детство или младост, кога речиси сите во домаќинството ги имавме истите предмети.

Вредноста на овие предмети е уште поголема, кога ќе се земе предвид дека повеќе не се произведуваат, а единствено може да се најдат или во специјализирани продавници за винтиџ парчиња или дома, во вашата гаража или подрум, спакувани во кутии.

Ќе наидете и на ретро мебел, што во модерното уредување повторно е актуелен, па може ќе се инспирирате да ги тапацирате старите фотелји и да им обезбедите посебно место во вашиот дом.

Чувате ли сè уште некој од овие предмети-спомени?