Спонсорушите кои активно се служат со платформата ТикТок покажуваат екстравагантни поклони од своите спонзори, како кеш кои го добиле на рака, чанти, чевли, нови автомобили и накит.

Нивните снимки можат да се најдат под хаштагот ШугарБејби, а собрале дури 211 милиони прелгеди. Воглавно станува збор за девојки од Америка и Канада, а очигледно дека нивните спонзори обожаваат да им поклонуваат чанти вредни илјадници евра, како и Лобутин чевли и накит од Картиер. Една девојка остана несебична па на другите девојки им сеподели трикови за успешен лов на спонзори. Така, мора да ја одредите својата гранка и да не користите вистинско име, но мора да глумите дека имате висок животен стил кон кој тежнеете.

“Нека вашата биографија биде кратка и слатка, но не досадна. Опишете го својот идеален спој и покажете го својот карактер. Не треба да им кажете премногу за да не ја загрозите својата безбедност, а и да имате доволно теми за разговор”, напишала таа. Додава и дека не треба да лажете. “Не пишувајте дека сакате мирни вечери со чаша вино и книга доколку Инстаграм профилот ви е полн со фотки на кои пиете со пријателките”, додала таа.

Какво мислење имате вие за овој тренд кој дефинитивно зема замав дури и на Балканот?