Куфер со 500.000 евра пронашла во подрумот на прекрасна париска зграда, станот го наследила од нејзината мајка и имала намера да го продаде. Не завршивме со броење, но има некаде помеѓу 500.000 и 600.000 евра во банкноти од 500, 100 и 50 евра.

Една жена во педесеттите години наследила стан од нејзината мајка и ги презела неопходните дејствија за да го продаде имотот недалеку од Марсовите полиња и Ајфеловата кула.

Ангажирала агенција за недвижности за да ја процени вредноста на станот, а во рамките на подготовките за продажба во складиштето во подрумот, било пронајдено богатство скриено во куфер.

Откритието било пријавено во полиција, која започнала истрага. Ангажирана е финансиска полиција специјализирана за истражување на перење пари и фалсификување.