Иако сите ги осудуваат, тоа не ги засега Дека годините не се важни во љубовта покажа и еден пар од Канада меѓу кој има голема генерациска разлика, но и покрај тоа останаа заедно. Имено, станува збор за девојка по име Стефани која има 25 години, додека нејзиниот партнер Дон има 70 години, што е приближно на возраст од нејзиниот татко.

Иако досега наидоа на голем број негативни коментари, признаваат дека тоа не ги засега и дека најважно им е да се сакаат, и дека ќе продолжат да ја негуваат љубовта што постои меѓу нив.

Се заљубив во него штом му го видов лицето. Сите ми велеа дека не треба да бидам со него – вели таа. Сепак, Стефани признава дека нејзината врска со Дон била голем шок за нејзиното семејство.

Мојата мајка беше против оваа врска, како и татко ми и брат ми. Мислеа дека грешам и дека тоа не може да трае – беше искрена. И покрај протестите на семејството, тие на крајот го прифатија Дон, а парот сега има двегодишен син по име Лаклан.

Ако ништо друго, бракот и Лаклан направија да се чувствувам многу поисполнето. Да бидам искрен, мислам дека ја донесов најдобрата можна одлука досега – изјави Дон. Тој додава дека луѓето секогаш мислат дека тој е дедо на нивниот син, а не татко, но тоа веќе не го засега.