Трејси Вајат ја основала својата организација за помагање на животни во 2011 година, пренесува порталот „Likemag“. Се започна со тоа што Трејси и нејзиниот сопруг Скот спасија кучиња на улиците на Тексас од сигурна смрт, носејќи ги во нивниот дом за да им обезбедат засолниште во други земји.

Оттогаш спасени се околу 3.700 кучиња, а бројот постојано расте. Секој месец, камион од Трејсис Догс тргнува да ги обедини кучињата со нивните нови сопственици.

Кога камионот пристигнува на одредена локација, следи првиот состанок помеѓу кучето и новиот сопственик. Тие снимија една колективна сцена за запознавање, така што луѓето ширум светот можеа да го видат овој прекрасен момент. Убаво, нели?