Храбро петгодишно момче и го спасило животот на мајка си со играчка

Малиот Џош од Телфорд во Велика Британија ја нашол својата мајка во несвест на подот, но тој не испаничил. Повикал 112, европски број за итни случаи што го видел напишан на неговата играчка – комбе од брза помош.

Командантот на полицијата Џим Бејкер го нарече „многу храбар“.

“Неверојатно е што направи Џош. Тој брзо размислил кога ја пронашол својата мајка и го повикал бројот што го видел на играчката. Тој беше многу храбар и остана на линија додека не стигнавме до нивната куќа и и пруживме медицинска помош на мајка му”, изјави тој за Би-Би-Си. Полицајците го повикале Џош на прошетка низ полициската станица и објавиле фотографија со него на официјалниот полициски профил на Фејсбук.

„Џош веќе покажа дека може да биде голем полицаец во иднина, се надевам дека повторно ќе се сретнеме кога тој ќе биде доволно стар за да ни се придружи“, заврши Бејкер.