Луѓето се сведоци на едно чудно пријателство кое збунува илјадници следачи ширум светот: Венса, ротвајлерка и нејзината „сестра“ – црна пантерка по име Луна, животот ги спојува во мигот кога втората се родила и била одбиена од нејзината мајка…

Одговорните за Сибирската зоолошката градина, каде што се родила Луна, биле принудени да бараат дом за пантерот. На сцена стапува Викторија – стручњак за размножување кај мачки. Викторија ја посвојува Луна и ја носи дома. Така, Луна и Венса стануваат неразделни – токму како сестри.

Инаку, кучето и мачето, сега доволно потпораснати, се појавија и на платформата Тик-ток. Викторија уверува дека „Луна е многу добар пантер, рика само кога се плаши“ и никогаш не напаѓа мали животни.

Необичниот тандем, само на Тик-ток има повеќе од четири милиони следачи, на кои треба да се додадат и над 350.000 Инстаграм-следачи.