Еден иден татко снимил неверојатен момент додека ја фотографирал својата сопруга која е во деветтиот месец од бременоста.

Анџелина Мозер (31) позирала на плажа во Флорида кога нејзиниот сопруг Ден ја фотографирал токму кога прекрасното суштество – делфин скокнало од водата.

Ден одлучил да ја испрати фотографијата до локален весник, а потоа сликата завршила на социјалните мрежи, па така за само неколку дена го обиколи светот.

Не, нема да му го смениме името и да му дадеме како што некои предложија ‘Долф Фин’ – рекол гордиот татко и додал дека момчето ќе се вика Кортленд Томас.