Овој маж признал дека ја шпионирал својата сопруга преку камерата за дадилката и дека останал запрепастен кога видел што прави таа.

Татко на близнаци изјавил дека случајно погледнал во апликацијата која прикажува што се случува во нивниот дом, а набрзо потоа се загрижил. На лајвстрим здогледал како неговите синови се тепаат додека неговата сопруга седи на таблет, а тоа што особено го вознемирило бил фактот дека неговата сопруга во ушите имала слушалки против врева и дека не слуша што се случува со нејзините деца.

„Бев загрижен и одлучив да разговарам со неа кога ќе се вратам дома, а потоа попладнето повторно ги погледнав камерите и повторно останав без текст. Нашите деца јадеја замрзнати стапчиња од кашкавал од фрижидерот додека таа зборуваше со некој по пат на видео повик и понатаму во ушите имаше слушалки против врева“ – раскажал таткото.

Кога дошол дома, сакал да разговара со сопругата за нејзиното однесување, а кога ѝ спомнал што видел таа едноставно побеснела.

„Беше лута поради тоа што сум ги гледал снимките и ми кажа дека не треба да го правам тоа. Не сакаше воопшто да разговараме како двајца возрасни луѓе“ – напишал таткото на социјалните мрежи.