Сара Робинс Кол смета дека одлуката да купи црн фустан со долги ракави, кој ѝ е до колена, била една од најдобите во животот.
Фустанот го носи за сите пригоди – на работа, кога оди на прошетка, кога одмара дома, па дури и кога оди на празнични семејни собири.

Сара се пошегувала дека својата работа ја сфаќа многу сериозно и дека сега почнала да личи на калуѓерките. Го прифатила предизвикот да носи фустан 100 дена по ред, а тоа толку многу ѝ се допаднало што одлучила да не купува нова облека.

„Сфатив дека носењето еден ист фустан не ми одзема ништо во животот. Повеќе нема да купувам нова облека, а ако ми треба нешто свечено, само ќе ѕирнам во мојот гардеробер и ќе извлечам некои фустани кои стојат таму уште од 1992-ра година“, рекла таа.

Била помеѓу 250-те жени кои го прифатиле 100-дневниот предизвик, под водство на една дизајнерска куќа. Сара рекла дека предизвикот го нашла сосема случајно.

„Првпат го видов предзвикот на социјалните мрежи и помислив – зошто да не?“