Сите ние сигурно се сеќаваме како се чувствувавме кога се подготвувавме за танцот како тинејџери. Очекувањата беа многу големи, а месеци пред тоа планиравме што ќе облечеме. Дванаесетгодишната Ари Вотерс исто така беше возбудена поради нејзиниот танц на Денот на вљубените, кој се одржа во нејзиното училиште. Таа избра фустан неколку недели однапред и се радуваше на прекрасното време што ќе го помини. Оваа случка беше во 2015год но сеуште кружи по интернетот

Но забавата за Ари завршува таа вечер, кога заменик директорот ја избрка. Причината? Мислел дека нејзиниот фустан е премногу „откриен“. Ари пронашла жолт фустан со врвки околу вратот и рамениците.

Таа се чувствуваше одлично и пријателите го пофалија нејзиниот изглед, но судејќи по одлуката на заменикот, фустанот беше несоодветен.

Можете ли да видите зошто? Не? Па, не можеме ниту ние. Заменик-директорот и кажал на мајката на Арина дека фустанот што нејзината ќерка го носи не е соодветен. Те изјавила дека Ари е премногу млада за да ги открива рацете толку многу, пренесува Local12 News.

Овој настан предизвика бура од силни реакции од заедницата во која се наоѓа Ари и пошироко. Многумина мислат дека не била фер третирана, и дека целата ситуација е деградирачка. Што мислиш ?

Погледнете ја приказната овде: