Кога Брантли Харисон и неговото семејство помогнаа да подигнат мало бебе верверица откако беше нападнато од був, тие не знаеја дека ќе развијат таква врска со неа. Малата верверичка имала само четири недели кога семејството Харисон ја пронашло во 2009 година, во близина на нивниот дом во Јужна Каролина.

Ја викале Бела, ја нахраниле и ја чувале. Сакале да ја пуштат да оди во дивината кога целосно ќе закрепне. Бидејќи верверицата е диво животно, тие не се надевале дека некогаш повторно ќе ја видат, но целосно згрешиле.

Цели осум години Бела доаѓаше во нивната куќа, скокаше низ прозорецот и гледаше кога некој ќе ја види. Седнуваше покрај вратата и чекаше некој да дојде и да ја забележи. Изгледаше дека ги сметаше за свое семејство и беше целосно опуштена околу нив.

Кога седеа во градината, таа доаѓаше и се дружеше со нив. Еден ден Бела повторно дојде на гости со повредена нога. Знаеше дека семејството ќе и помогне и ќе се грижи за неа, што секако и го направија тоа.

Кога почнала со терапијата и кога почнале да делуваат антибиотиците, семејството доживеало изненадување. Имено, во кафезот на Бела имало три бебиња верверички кои таа ги родила за време на рехабилитација.