АКО ГИ ИМАТЕ ОВИЕ МОНЕТИ ЕВРА, ЌЕ СЕ ЗБОГАТИТЕ: Вредност над 5,000 евра!

Доколку поседувате ретка монета од две евра, имате вистинско мало богатство.




Три типа на монети од две евра се особено популарни меѓу колекционерите, а тоа се монети кои доаѓаат од мини-држави: Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан. Се произведуваат во помала количина, поради што вредноста им е поголема.
Австрискиот портал heute.at објави дека монетата од 2 евра наводно се тргува на Ebay за речиси 150.000 евра.




Еден човек наводно сака „да се ослободи од паричка од 2 евра за 149.500 евра“. Станува збор за монета со амблемот на белгискиот крал Алберт II, на која има грешка при печат.
Инаку, најскапата специјална монета е онаа од 2007 година по повод годишнината од смртта на Грејс Кели.




Вкупно има само 20.001 примерок, а вредноста на паричката е околу 3.000 евра. Сепак, на Ebay таа цена е уште поголема, додека на интернет се појавуваат информации дека вредноста на паричката со ликот на Грејс Кели се искачува и до 4.495 евра.
Најчести грешки на монетите се: неправилен формат, неточен натпис, неточен раб или таканаречени „пржени јајца“, каде што внатрешната страна е повисока од надворешниот раб.




Монетите со грешки се продаваат на аукции за неколку илјади евра.