Ана живее во феноменален автобус со сопругот, петте деца, 2 кучиња и една мачка

Големите куќи, луксузните апартмани и удобноста не се нешто што им одговара на сите. Некој се задоволува со вистинските вредности, големо семејство и насмевка на лицето додека посетува различни места и бара локација каде се чувствува „како дома“. Затоа што како што вели нашиот народ – каде што народот не се лути, куќата не е тесна.
Многу парови и семејства се стремат кон алтернативни начини на живот, но многумина не се осмелуваат да направат радикални потези во моментот кога веќе имаат воспоставено пошироко семејство.




Ана и Џеф Бартон имаат пет деца, две кучиња и една мачка, а среќата ја нашле во преправен училишен автобус. Заедно патуваат низ САД и редовно ги објавуваат своите авантури на Инстаграм.
Џеф работеше од дома во Тексас со години, а Ана беше домаќинка. За време на викендите сакале да поминуваат време одејќи на патувања и кампување, а нивните родители љубовта кон авантурите им ја пренеле на петте деца. Нивната најстара ќерка има девет години, додека најмладата една и пол година.




– Еден ден седнавме и разговаравме што можеме да направиме за да ги продолжиме нашите патувања, почнавме да разменуваме идеи и еве сме денес во автобусот – рече Џеф.
Пред повеќе од четири години, семејството се одлучи на потег кој беше осуден од многумина во нивната околина. Но, тие не обрнаа внимание на тоа и веднаш почнаа да планираат кои места ќе ги посетат во нивната нова куќа на тркала.




Со големо семејство морале многу повнимателно да го преуредуваат просторот, за да добијат што повеќе простор. Бидејќи обичните кампери не доаѓале во предвид, парот се одлучил за стар училишен автобус.




Тие открија здружение кое ги претвора старите автобуси во домови на тркала. Бидејќи Џеф се занимава со дизајн, тој детално дизајнираше како ќе изгледа новата куќа со помош на 3D програма заедно со Ана.
За да разберат какво е чувството да се живее во толку мал простор, парот се обидел да го намести мебелот во нивната дневна соба на истиот простор како што би имале во автобус. Кога успеале, многу им се допаднал распоредот и биле сигурни дека се подготвени за нова авантура наречена „живот на тркала“.
Купување од соништата
Двојката купила школски автобус International 3000 од 2004 година и поминал шест месеци во реновирање.




– Се одлучивме за оваа опција бидејќи училишниот автобус ни нуди повеќе простор по прифатлива цена. Целиот дом не чини околу 35.000 долари, што за наши услови е повеќе од одлично – вели Ана.
Кога семејството решило да живее на тркала, тие веќе имале три деца, а Ана била бремена со четвртото. Во меѓувреме добија уште едно дете. Многумина се прашуваа како успеале да вклопат сè на толку мал простор.
– Решивме да се ослободиме од вишокот работи кои не гушеа. Така ни олесна – вели Џеф.
Ги извадиле автобуските седишта и го бојадисале покривот, а на прозорците ставиле завеси за да им дадат поголема приватност. Сега во својот дом имаат кујна, трпезарија, спални соби, бања и мала работна соба.




Кога ќе влезете во автобусот, веднаш пред вас е дневната соба која го зафаќа централниот простор. Има масичка за кафе и каучи кои може да се испружат и да се претворат во кревет за гостите. Често ги посетуваат луѓе кои ги среќаваат на нивните патувања и кои сакаат да видат како е да се живее на толку мал простор.
Просторот над возачкото седиште е претворен во мала полица, а за нив има и телевизор.




Кујната има шпорет, рерна, мијалник и фрижидер, како и машина за перење и сушење.
– Иако не изгледа така, имаме доволно простор за складирање на храната. Ние сме вегетаријанци и одиме на шопинг приближно на секои две недели – изјави Ана.
Дека секој дел од просторот е совршено искористен докажува фактот што Џеф успеал да направи маса на преклопување и на тој начин да создаде мини канцеларија за себе. Ова е неговиот омилен дел од куќата бидејќи има доволно сончева светлина и простор да ја заврши целата работа што ја има во текот на денот.




Неверојатна импровизација за спални
Спалната соба за трите ќерки се наоѓа на импровизиран под и се состои од три кревети на спрат, сите обоени во розова и жолта боја, кои се омилените бои на нивните девојки. Тие имаат свој простор за, кога сакаат, да имаат одредена приватност во споредба со другите во куќата. Секоја девојка го уредила просторот по своја желба и има дури и мали гардероби за нивните работи.
Засега четворица од нив спијат во огромниот брачен кревет – родителите и двете најмали деца. Со оглед на тоа што децата брзо растат, двојката наскоро планира да го реновира домот за и тие да имаат свој простор. Под креветот поставиле корпи во кои се сместени дополнителни работи што покажува дека се грижеле за секој детал.




Бањата и приватноста најголем проблем
Поради висината на автобусот, но и просторот, најголем проблем беше како паметно да се реши проблемот со бањата. Парот дошол на идеја да исечат дел од покривот за да биде подолг, а тушот бил поставен токму на тоа место. Бањата има и мијалник и тоалет, а прозорците во овој дел од автобусот се покриени со фолија за да се заштити вашата приватност.
На автобусот му додале и мал светларник, а имаат и простор каде се собира дождовницата.
– Животот на тркала е неверојатна привилегија – вели Ана.




За време на пандемијата, тие успеаја да се спакуваат и да се обединат со своето пошироко семејство во Канзас без да бидат товар за никого. Покрај тоа, тие успеале да посетат и некои многу интересни области кои инаку не би можеле да ги посетат, пишува Инсајдер, а пренесува Телеграф.