АНДРЕЈ ОД ПРОСЈАК ДО БОГАТАШ: Открива како заработува и до 100.000 долари годишно

Андреј Јик живеел скоро пет години како просјак, а парите кои ги добивал ги штедел и покренал свој Јутјуб канал. Андреј денес е познат јутјубер, кој за само една година преку својот канал заработил повеќе од 100.000 долари.




Како што вели, неговиот пат до денешниот успех не бил лесен. Иако на почетоците не се ни надевал дека ќе стане познат, вели дека животот пријатно го изненадил.




Имено, пред да почне да објавува едукативни снимки за личните финансии, овој 30-годишник работел како снимател на поучни видеа за правилно изведување на маѓионичарски трикови, но и како советник на снимање на познатиот филм „Мајстори на илузијата 2“.




Со снимањето и магијата почнав сериозно да се занимавам на 19 години. Кога добив повик за снимање на познат филм, не се двоумев ни секунда. Тоа ми беше исполнување на соништата“, објаснил Јик.




Неговиот канал на Јутјуб денес има околу 323.000 следбеници, со годишна заработка од 100.000 долари, што е 40.000 долари повеќе отколку што заработувал како снимател.




„Да, денес заработувам од реклами и бројни соработки, но првите четири месеци бележев големи загуби. Кога работите по 6 часа на истражување, па потоа уште 3 до 4 часа на снимање и 10 на монтажа, а на крајот на месецот на сметка ве дочека минус, тешко е да се продолжи напред, но не се откажував.




Сега гледам дека мојата упорност се исплатеше“, заклучил Јик.