Анимиран филм за куче и напуштена мачка ги освои социјалните мрежи

Краток анимиран филм на Pixar ги освои социјалните мрежи – тоа е неверојатно пријателство помеѓу злоставуван питбул и напуштена мачка. „Китбул“ е најновото кратко дело на компанија во сопственост на Дизни. Оваа емотивна приказна е дел од серијата приказни SparkShorts.

Џим Морис, претседател на Pixar, ја опишува серијата приказни: „SparkShorts е програма дизајнирана да открие нови таленти во раскажувањето приказни, да истражува различни нови техники на раскажување приказни за јавноста и да експериментира со нови начини на уредување приказни.

Овие кратки филмови се разликуваат од сè што е видено во Pixar досега и даваат можност да го изнесат потенцијалот на одредени уметници на виделина и да им дадат можност да ги искористат своите вештини во пократка форма од порано“.

„Китбул“ се фокусира на врската помеѓу малтретирано куче и напуштена мачка. Мачката била сама долго време кога еден ден наишла на куче врзано пред куќата. На почетокот мачката се плаши од него.

Но, по некое време, меѓу оваа необична двојка почнува да се развива пријателство. Сè се менува една вечер кога сопственикот ќе го исфрли кучето на улица полно со повреди по целото тело. Мачката му помага да се опорави и на крајот му дава самодоверба да се спротивстави на насилството и да избега.

Приказната се одвива прекрасно во овој краток анимиран филм кој допре до срцата на многумина. Од неговото објавување, овој филм е прегледан над 3 милиони пати. Откако ќе погледнете како настанало ова необично пријателство, ќе сфатите зошто сите зборуваат за овој филм.