Атлетичар како Супермен стигна до победа, се фрли на глава и прв помина низ целта

На атлетското првенство на Португалија е видена малку неверојатна ситуација во која атлетичарот Жоао Витор Оливеира победи со „прв скок со глава“ и стигнувајќи до целта пред својот противник.

Оливеира, претставник на популарниот локален клуб СЛ Бенфика, во финишот на трката се бореше со Абдел Ларинага, натпреварувач на Спортинг од Лисабон, а трката беше решена на филмски начин бидејќи Оливеира буквално му се фрли на глава и на тој начин претекна неговиот противник и стигна до победата.

Тој ја мина целта со време од 13:83, што беше за 0,03 секунди побрзо од Ларинага. Тамошните медиуми пишуваат дека се работи за спортист роден во Бразил, кој во тимот на Бенфика се приклучил во декември 2017 година. Три години откако стана член на овој клуб, тој доби португалско државјанство.

Тие исто така додаваат дека ова не било првпат да се фрли на глава во финишот на трката, наведувајќи дека истото го направил на Олимписките игри во Рио во 2016 година и на трката од португалскиот шампионат во 2019 година