Баба (64) личи на нејзината внука: Ја привлекуваат помлади мажи, а за да ја освои, ОВА и е важно

Атрактивната фитнес инструкторка Лесли Максвел изгледа толку младо што луѓето често ја споредуваат со нејзината внука, а сега откри дека излегува само со помлади мажи. Се разбира, ништо не би било чудно доколку Лесли немаше 64 години. Многумина тврдат дека бабата изгледа како тинејџерка, а вежба пет пати неделно за да ја одржи формата и стомачните мускули.




Нејзината дневна рутина вклучува шест едноставни чекори и таа тврди дека секој може да го забави процесот на стареење. Дефинитивно мислам дека жените се вразумуваат како што старееме – имаме поголема самодоверба и се чувствуваме секси, особено ако сме фит и здрави. Всушност, можеме да го забавиме процесот на стареење со здрава исхрана и редовно вежбање – изјавила Лесли.




Лесли вежба и заедно со нејзината 20-годишна внука Тио и вели дека има многу кои мислат дека се две сестри. Својата фитнес приказна ја започнала на 49 години и потоа привлече внимание, а материјалот и помага да остане сигурна и на љубовно поле. Така Лесли откри дека моментално излегува со помлад маж.




Човекот со кој се гледам е помлад од мене, но никогаш не размислувам за тоа. Самодовербата е победа за мене. Ако мажот е доволно храбар да ми пријде, да ме погледне во очи и да ме покани надвор, тој е прилично храбар човек. Деновиве мажите се прилично срамежливи кога е во прашање пристапот кон жените бидејќи се чини дека се е направено на интернет – објаснила таа.




Рекла дека секогаш избира помлади мажи и дека тоа и останало уште од тинејџерските денови. За да може мажот да ја привлече, треба да негува сличен начин на живот и да биде енергичен. Таа додаде дека не би имала ништо против нејзината внука да избере момче.