Бебето лазело покрај автомобилите, секунди беа пресудни (ВИДЕО)

Морничава снимка од бебе кое ползи од тротоарот на прометна улица се појави во Аргентина минатата недела и брзо стана вирално.

Потенцијална трагедија, фала богу, била избегната во последен момент кога случаен минувач налетал и ја извлекол од патот.

Драмата се случила минатата среда на излезот од трговски центар во Буенос Аирес, откако мајката на неколку минути го изгубила од вид малото девојче.

За нејзина среќа, Бонифасио, херојот на оваа приказна, бил во близина и на медиумите им опишал како го спасил љубопитното бебе.

– Не можев да се „дојдам при себе“ кога видов бебе како поминува улица, нешто што никогаш во животот не ми паднало на памет – рекол тој.

Маж, кој поседува продавница во околината, поминал со своето возило, го видел бебето и решил да застане за да предупреди друг возач кој за малку ќе го прегазил девојчето бидејќи се движело со голема брзина.

Човекот очајно истрча да го земе бебето

На шокантната снимка, Бонифасио се гледа како очајно трча да го земе бебето, додека ги запира автомобилите и го носи во раце.

Според податоците од полициската истрага, девојчето е ќерка на жена која исто така работи во блиска продавница и, според спасувачите, таа би ја оставила отворена влезната врата, која бебето овој пат ја искористила за да излазе.

Кога Бонифасио и го предал девојчето на жената, таа не ни била свесна дека ја нема. Бебето најверојатно ползело неколку метри пред некој да го забележи.

– Мораше да биде вака, судбина е. Сакав да го паркирам камионот неколку метри подалеку, но отидов таму бидејќи имаше повеќе простор. Да дојдев таму 30 секунди порано, ќе ја прегазев – изјави Бонифасио.

Фала му на Бога што дошол нејзиниот „ангел чувар“ и и го спасил животот!