Бездомникот оставил трогателна порака пред шаторот во кој спиел, а потоа се случило ЧУДО

Бездомникот Ентони Џонсон (37) оставил трогателна порака пред шаторот каде што спиел на автобуската станица, а неговата приказна набрзо и станала позната на пошироката јавност. Имено, тој во пораката напишал дека сака да работи бесплатно, само за повторно да си го „вреди животот“.

Џонсон е бездомник девет години и живее во шатор во Хестингс, Источен Сасекс. Неговата тажна порака на Фејсбук ја сподели Шарлот Хауард (16), а ја видел градинарот Нелсон Смит, кој му понудил на Џонсон работа.

Ентони вели дека добил повеќе понуди, сето тоа благодарение на Шарлот. Признава дека цел живот бил страшен човек, а бил и во затвор. Не сакам да правам работи што ги правев претходно – познавав само криминалци и дилери. Попрво ќе најдам работа отколку да гнијам на клупа – вели тој.

Нелсон рече дека Ентони го допрел затоа што и самиот имал ментални проблеми и знае како е кога некој сака да си помогне. Шарлот дури и купила караван на Ентони користејќи ги парите што ги собрала на интернет.