Бездомничка го воодушеви светот со својот ангелски глас: Полицаец случајно ја снимил како пее

Полицаецот Хектор Гузман снимил жена како пее опера од Пучини во метрото во Лос Анџелес, по што снимката стана вистински хит на Интернет.


За само три дена видеото го погледнале 270.000 луѓе. Жената се вика Емили Замурка (52), која дошла во САД пред неколку децении. Рекла дека поради здравствени проблеми завршила на улица.

Имено, за да ги покрие сите трошоци почнала да свири на улица, но и ја украле виолината, па оттогаш се тргнало во надолна линија.

Таа рече дека сака да пее во метрото поради акустиката што ја потсетува на настап во сала и се надева дека нејзината новооткриена слава ќе и помогне да застане на нозе.

„Ќе му бидам многу благодарна на секој што ќе се обиде да ми помогне да се тргнам од улицата и да го добијам мојот дом и мојот инструмент“, изјави Емили за ABC7.