Бизарна сцена: Жена го ставила тркалото во багажникот и продолжила да вози без него ВИДЕО

На Инстаграм на американскиот ТВ водител Чад Таверси се појави бизарно видео од автопатот 405 во познатата калифорниска област во округот Оринџ. На еден дел од автопатот забележал необична сцена и веднаш посегнал по мобилниот телефон за да сними единствена сцена: автомобилот се движел со брзина од околу 130 км/ч, со отворен багажникот и – без предното десно тркало.

Делови како сопирачки и оски го стругаа патот, создавајќи обилни искри, но на возачот воопшто не му пречеше. Таверси на секој начин се обидуваше да и даде знак да престане. И покрај тоа, госпоѓата продолжила несовесно да се движи со брзина додека, не успевајќи навреме да закочи, удрила во друго возило.

За среќа немаше сериозни последици. Уште еден детал ја зголемува бизарноста на целата приказна – предното десно тркало со целосно уништена гума подоцна било пронајдено во багажникот на нејзиното возило.

Засега не е сигурно што го поттикнало возачот на ваков потег.